Wednesday, March 30, 2011
Парење и еволуција на пингвините
Парење:
Некои видови пингвини живеат во семејство со еден партнер доживотно, други во текот на една сезона. Генерално може да се рече дека пингвините се сериски моногамни, односно исклучиво со еден партнер за определен период. Обично секоја година снесуваат по едно јајце, и двајцата родители се грижат за квачење на јајцето и за одледување на пилето. Родителите наизменично одат по храна во морето.
Кога мајките ќе го загубат пилето, се обидуваат да „украдат“ пиле од друга мајка, но обично не успеваат бидејќи другите мајки помагаат да се отера натрапничката. Кај некои видови, младите пингвини се собираат во големи групи.
Еволуција:
Претците на современите пингвини живееле уште во времето на диносаурусите - пред околу 65 милиони години во областите на Нов Зеланд и Антарктикот. Најстариот фосил е ваиману манеринги кој живеел во раниот палеоцен на Нов Зеланд, или пред околу 62 милиони години. Иако не бил прилагоден на водната средина како денешниот пингвин, овој ваиману исто така не можел да лета, и крилата му биле трансформирани во перки.
Фосилите најдени во Перу стари 42 милиони години и во Аргентина околу 38-39 милиони години, укажуваат дека пра-пингвините до тогаш веќе биле раширени во Јужна Америка и кон Атлантикот
Да научиме нешто повеќе за пингвините!
Пингвините се група водни, нелетачки птици кои живеат речиси исклучиво на Јужната Хемисфера. Бројот на видови изнесува помеѓу 17 - 20, зависно од класификацијата. Спротивно на популарното уверување, само мал број видови живеат на Антарктикот. Повеќето видови, барем 10, живеат во потоплите предели, а еден вид е домашен наГалапагос, на Екваторот.
Најголемиот вид е Царскиот пингвин - возрасните се високи околу 1,1м и тешки и над 35кг. Најмал е Малиот син пингвин кој расте околу 40см и тежи околу 1кг. Некои преисториски видови растеле многу поголеми, приближно со димензии на возрасен човек и нивни фосили се најдени по целата Јужна Хемисфера, се' до 2000 км јужно одЕкваторот.
Повеќето пингвини се хранат со ракчиња, риби и лигњи, како и со други форми на морски животни кои ги ловат додека нуркаат. Пингвините минуваат приближно половина од времето на суво, а половина во вода.
Subscribe to:
Comments (Atom)

